замине (гл.) - доброволно (прил.)

По нив, по овие два пата, за да посеат злодела, страв, болести и смрт во Потковицата доаѓаа војските и злонамерниците, и по нив, за да им се придружат на бунтовниците и востаниците, или за да се изгубат, без поштук, некаде во затворите и низ белиот свет, многумина од Потковицата заминаа доброволно или беа насила одведени.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А тој, Никос де, кога Италија ја нападна Грција, на фронт заминал доброволно.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)