замине (гл.) - некаде (прил.)

По ручекот, на заминување, постарите браќа го прегрнаа цврсто, многу поцврсто одошто порано, небаре заминуваат некаде далеку, а него го оставаат сам на чардакот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Мајка одново го почувствува стариот Татков порив да замине некаде.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И јата птици само надлетуваат и грачат и сам си зашто и бог - господ кренал раце од себеси и заминал некаде бесповратно.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Србин сигурно заминал некаде напред и тој ќе направеше, ако Србин, кој за цело време зад него во мракот чекаше, не го фатеше за мишка.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Само оној што ги водеше замина некаде уште понатаму.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Заради љубов го напушти селото, домот и замина преку светот. Замина некаде во рамнините на Војводина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Некои почнаа дури да плетат и приказни дека со дипломата во раце заминал некаде во странство.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За разлика од него, Блажо не ни ѕуцна - само се сврте и замина некаде.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ама многумина не беа заминати некаде.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Како да се губи одвреме-навреме, како да заминува некаде и повторно се враќа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тие се малку поголеми од мене и не се дружиме баш многу.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Поминаа Мишко од тринаесетти и Ане од деветти кат, ме поздравија патем и си заминаа некаде кон „Млечен“.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дали остана во куќата? Можеби пак заминал некаде?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Чичко ми Трајко го стави чајникот со вода за чај, рече - со здравје партизани, се насмеа и замина некаде да ја чека Новата година.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Се сеќавам дека, кога стрелките на часовникот, оној истиот што се уште ми одѕвонува во главата, се споија на дванаесет, за една минута стасав да ги бакнам сите тројца - дедо, баба и Александар!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Нервозата со еден збор произлегуваше од општото сознание што лебдеше во свадбено декорираната синагога во Данциг, дека младоженците безостатно треба да си заминат некаде на друго место.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога скокнаа од вагонот видоа како се откачи главата на гасеницата и со пувкање замина некаде.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Откако ќе престане, меѓу две пиења:) Уште утре ќе заминам некаде далеку, далеку... Ех, кога би можело да се умре.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Мајката би сакала, најпосле, да се смири и да остане на едно место, а таткото, со немирен и љубопитен дух, сака да се движи и да се замине некаде.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тасе од малку се пијанел, го фаќала ракијата, ако пак заминел некаде на гости, кусо време потоа ќе дошле да ѝ кажат – Ристено, Тасе се испијани и лежи таму и таму.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)