замине (гл.) - или (сврз.)

Нека си замине или нека остане твојот син, како што му одредила судбината.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Затоа пак авторот сега веќе не се прашуваше дали ќе замине или не.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се насетуваше во дадени моменти и ситуации предизвикани од нашите силни емоции (на деца растурени по светот кои постојано и постојано се враќаат дома, а таму постојано некој фали, го нема, заминал или залудно го чекаат) дека не баш го планирале бракот, арно ама се случило!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Од нивната венчавка (регистрација) во Скопје, пред земјотресот во 1962 година, остана само споменот на две работи.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Мозокот веќе не знае кои објекти егзистираат а кои се само латентни, кои се само просторни посибилитети.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Мозокот станува немоќен да одреди дали некој предмет заминал или е сѐ уште присутен.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И ние децата подоцна ја наследивме истата дилема: да се замине или да се остане?!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И потем, само тој одлучуваше да се замине или да се остане.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тој требаше да му го објави пресудниот збор: да замине или не?!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко, сепак го очекуваше последниот сигнал за да замине или не од градот на истекот на реката од Езерото, кој зависеше од исходот на последната битка од борбата што ја водеше Цветан Горски со властите за судбината на патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)