замолува (гл.) - да (сврз.)

Татко се враќаше од продавницата дури откако ќе паднеше мрак, а и тогаш, во тоа малку време кое го поминуваше со нас, како да беше отсутен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога имаше време го замолував да ми чита на глас на некој од јазиците кои тој ги знаеше, или да ми го раскажува она што токму тогаш го учеше, а кое ми беше подеднакво неразбирливо како да ми зборува на непознат јазик.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оттогаш многупати го имам замолувано да не ја забележува мојата неспастреност...
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Го следеше со некоја обична насмевка за која и не размислуваше сѐ додека Томислав не дојде да ѝ рече дека тој и Божинов ја замолуваат да си ја тргне од лицето иронијата бидејќи на една културна домаќинка не ѝ личи таквото однесување. Ете и тоа се случи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)