занесе (гл.) - во (предл.)

Тој се спружи под покрив до сестра си Верка, се занесе во мисли за утрешниот ден и заспа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Занесени во маалото тврдеа дека ги виделе козите со нивниот козар Чанга како летале кон небото, други дека завршиле курбан!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Занесена во средувањето на расфрланите мисли, не забележа како една црна сенка се спојува со нејзината. Ѝ се причини како две канџи се подготвуваа да се заринкаат во нејзиниот врат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Толку се занел во таа идеја, што од селото направил просто еден логор, сличен на казнен работен логор. Се разбира, за „доброто“ на селото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со неа може за сè да се разговара, а пак за играње игри е цар: умее да се занесе во играта како да е вистинска и јас многу сакам да се дружам со неа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Толку многу се занесов во раскажувањето што заборавив дека мора ептен тивко да се шепоти.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Единственото нешто што не ѝ чини ѝ се родителите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Еден од тројцата помлади крај огнот срипа и се упати кон нашата грмушка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Пливајќи се занесов во заборав. Неосетно навлегов многу длабоко.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Знаеше со часови да се занесе во едни чудни размислувања за луѓето, понекогаш дури ги изговараше зборовите, што би имал да им ги рече ним, остануваше едно неразбирливо мрморење во неговата зазбивтаност, и тоа воопшто не ѝ пречеше на осојничавата тишина на шумата да си остане пак ненарушена и понорничава. Ниеднаш не престана да мрмори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кадијата напред сам се занесе во пријатни размислувања.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се занесов во мислите и веројатно многу интересни нешта од нивниот разговор испуштив, зашто го чув само крајот: - Нека си легнат, па ќе поразговараме за сè, - предложи татко ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Во водењето љубов - по паркови, сенки и ќошиња - двајцата толку се занесле во страста, што им попуштила љубовничката претпазливост и се отпуштиле докрај.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Хартијата од која градиш брод за внукот можеби е лист од поетска тетратка Или само потсетник, азбучник, а можеби и обичен збир од зборови при обид за песна во која ќе се разјасни случајот со украденото море: “Зошто преку планини го занесоа во непознат крај?“
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Толку се занесе во таа борба со сатаната, кутриот, што во момент на слабост или на лутина, и тоа среде олтарот го изусти и она што никогаш во друг случај не би го изустил за сметка на оној во кого најдлабоко веруваше, ја раздра по сета должина мантијата и ја фрли од себе а потоа, онака разгаштен, се упати кон надојдената река и повеќе не се врати.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Честопати ги пасев воловите и наидував на ливади со разни цвеќиња, секакви бои имаше, ќе се занесев во нив, ќе гледав разни бубачки како ги опрашуваат и им помагаат за догодина да бидат уште поубави, да се развиваат и да цветаат и тука се ставав и самата (и дури ќе заборавев дека воловите ги чувам).
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)