занесува (гл.) - дека (сврз.)

Со Евтим се занесуваме дека и тука, одејќи редовно во четврти клас, приватно да го подготвуваме петтиот клас.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се разбира, и денеска е понеделник на морскиот брег пред куќата на Маркес во Картагена де Индиас, и денеска две петлиња се перчат и му плачат мајче на Хозе Буендија башка и се занесуваат дека петлињата што ќе се најдат на морскиот брег кога тогаш ќе станат галеби, гиздави и отмени, кои во даден момент нема да ја пропуштат приликата да му се посерат на немиената глава на Хозе Буендија.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Како малечка често се занесував дека кога ќе порастам ќе бидам славна.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Да не беа пристаништата, морињата, а рака на срце - и компасот, сѐ уште ќе се занесувавме дека земјата ни е рамна како тепсија, и дека никакви непознати земји и народи не постојат од другата страна на нашава планета.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Јас не се занесувам дека можеме да промениме нешто во текот на нашите сопствени животи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)