западне (гл.) - во (предл.)

Свесно влегуваат во мрачниот ковчег на секојдневието, а не смееме да дозволиме да западнеме во духовна пасивност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Недостижен ни е достојниот живот на соколот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Беше будна и Мајка, очекувајќи необичниот гостин најпосле да замине и куќата најпосле да западне во ноќен спокоен сон, за која таа како да беше одговорна.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ова придонесуваше да западне во метафизичко неспокојство кое траеше подолго време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На моменти почнав да се чудам од себеси. Како вака западнав во тој циркус.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Корнел смета дека иако МекКинон „површно го отфрла сонот за симетрија, кој нас нѐ одмерува според машката норма,“ таа сепак“ не може а да не западне во оној мошне стар сон, имајќи ги предвид границите на нејзиниот сопствен теоретски дискурс, кој нужно се откажува од жената како женственост, бидејќи таа може да „гледа“ единствено од маскулинистичка перспектива“(151).
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Чекорот му запре, а тешкиот облак од врел уморен здив замре пред неговата уста.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Стравот и ужасот за кои сега знаеше дека го воделе и го терале далеку од местото на кое ја нагазија мината и западнаа во заседа како за миг да замреа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И откако сѐ испораскажаа како што не е, сите западнаа во некакво чудно, пополноќно размислување, што наликуваше на сон.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И тогаш западнав во некоја размисла за себеси, и веќе не ги слушав.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
ТОМЧЕ: Ништо, тетка Ефке.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СТОЈАНКА: (Сентиментална е и силно заљубена, како и Томче, но, чувстаувајќи се навредена и загрозена, западнала во моментна настројба на огорченост, зајадливост и жестокост, во држење кое се поклопува со некакво инстинктивно женско тактизирање и уценување, иако по природа е непосредна, искрена и кротка девојка.) Добро утро...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Сфаќам дека ниеднаш директно не го прашав каков е неговиот личен став кон Екстази.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Луѓето треба да земаат што сакаат, но да го прават тоа така што да не западнат во неволја.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се смеат за да не плачат, за да не западнат во цимолкаво самосожалување.195 Но, тоа не е крај на приказната.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наместо да им кажува за селото, за кусиот живот со татко им, за овците што ѝ го враќаа толку пати колку што се они на број, таа, пред да западне во сонот, им кажа дека горе, на плочата има една тајфа од маж, жена, болна мома и Адно дете у гимнашиу одел тука, гу видек ка дујде вадин, бил уд пунапред тука, а гушна мајката и заплака!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тој беше западнат во својата мистична тишина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа ќе доведе Балканот да западне во лоши историски делби, преполни со тешки последици.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но кога се населивме во куќата крај брзата река и кога започна, во овие повоени времиња, да нè измачува гладот, татко ми, без своја рода и блиски луѓе, со кои лесно се дели и последното парче леб, западнат во вечното читање на своите книги, сѐ повеќе личеше на некаков балкански Дон Кихот, кој не умее да најде никаков излез за семејството, на чии врати сѐ посилно тропаше гладот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Знаев чија е тетратката. И мнозина запишани знаев. Ама тоа не се кажува.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сиот премалев. Капка плунка немав во устата. Што да речам?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Западнав во голема неволја.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Георг Фридрих Хендел пред да западне во длабок сон по тринеделната борба со неговата Месија.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)