запаѓа (гл.) - во (предл.)

Така урината на оние кои беа под влијание на печурката е многу барана и се пие со уживање, бидејќи содржи доволна количина дрога за да предизвика исто дејство.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се мисли дека и Викинзите кои запаѓале во состојба на неконтролиран бес, го правеле тоа под влијание на оваа печурка.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во блиска иднина луѓето нема да страдаат од шизофренија; ќе бидат шизофрени (ако и тогаш) кога ќе имаат желба за тоа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На моменти, додека се внесуваше во описот на јадењата, ја забораваше првичната цел да се изберат конечно стоте (без)опасни турцизми и запаѓаше во расправи, сакајќи да ја брани тезата дека постои сличност помеѓу синтезата на арапско-персиско-турската османска гастрономија и османскотурскиот јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко не му ја потхрани оваа теза на Камилски, макар што и тој веруваше дека постојат елементи со коишто и би можела да се брани.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како што болеста сѐ повеќе му стежнува и го истоштува, така сѐ повеќе запаѓа во соништа што го измачуваат: шета на улиците на Виена; воздухот му носи опојни мириси на леандер, орхидеја, зумбул, рузмарин.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Запаѓаше во глумен транс кој сакаше да го пренесе и на осудените слушатели.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Народот на победената империја, како и другите народи во нејзиниот состав, запаѓаа во долговечна мачна изолација.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Колку што земјата запаѓаше во поголема беда, бункерите стануваа поцврсто градени, со поголеми количини квалитетен бетон и челик...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Запаѓал во очајание и удирал со главата во ѕид, во дрво, во сè што ќе му се најдело пред него. Го наоѓале раскрвавен, премален.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Запаѓаше во нездравиот оган на треската и во поматената свест претчувствуваше нешто што немаше сили да го избегне. и постепено се губеше во морничаво бладање.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тито запаѓаше во длабока агонија!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Така, татко ми запаѓаше во химерични размисли за империите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Така татко ми запаѓаше во големи, длабоки размисли.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
-Влатко воздивна, небаре се издишува ритмично, запаѓајќи во некаков сон... - идиличен пејсаж - акварел со сино - зелени нијанси, што се прелеваат една во друга... тоа прелевање Влатко го чувствува така што го слуша како некакво бранување, како реката што се бранува низ каменото корито... на брегот на реката ја довтасува Јана, ја довтасува зашто таа таму запира, седнува, си ги собува патиките и гласно смеејќи се шлапка со босите стапала.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И не случајно, во овој чудесен предел крај реката, каде што си свивме ново гнездо, во очекување на новите историски настани, особено по Втората светска војна чиј крај се навестуваше, Татко се задлабочи во проучувањето на миграторните процеси на птиците и на јагулите запаѓајќи во нова илузија во која Мајка гледаше пориви за оддалечување од родната земја, а не враќање во неа, како што се надеваше постојано.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)