запее (гл.) - и (сврз.)

И саноќ само на птиците помислувам со питагорејски молк: оние кои никогаш не запеале во туѓа татковина. Една од овие птици чука со клунчето на прозорецот и вели: ќе си запееме, заедно ќе си запееме... ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Одново на птиците, помислувам, на грлицата, помислувам, која никогаш на својот возљубен не му ја засенува честа туку, доколку се случи низ животот да остане без него, сама, пак низ цел живот ќе ја брани честа на љубовта: таа никогаш веќе нема да застане на зелена гранка да запее и никогаш веќе нема да се принапие бистра вода.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ноќта, искачен на највисокото ребро на чатијата Мајсторот запеја и низ песната се мачеше Да ја дофати најубавата ѕвезда врз него, За потоа, кога ќе се врати дома, Да ја скрие меѓу навезаните цвеќенца на веленцето Со кое го покрива внучето За да му трепка врз неговиот сладок сон.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ако воопшто не си дојде?... (Паѓа плачејќи скршена од болка).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Кога на пролет благиот југ ќе запее и јас со него заедно гласот си го здружувам: белки Костадин ќе чуе, скоро да ми дојде...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
По некое време кога птиците повторно запејаа и саатот повторно почна да одѕвонува, а пелистерецот да им ги милува лицата со жолтите лисја, тие се упатија кон корзото, рака под рака. Молчејќи.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
- Како што ќе речеш ти, Борисе. Јас веќе немам зошто да го слушам оној Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не запеал и не се напил со нас никогаш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Изулавено скокна од масата, запеа и се затвори на едно место што не е за спомнување.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Набргу целата гора запеа и сончевото пролетно утро се претвори во празник.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)