запише (гл.) - дека (сврз.)

Имено, таму било запишано дека Костадин Дамчески, Лазор Перуноски и Атанас Јанчески Цицко, брат му на Бошета Јанчески (животниот пат на Бошета, поради една изненадна околност, уште од истата ноќ зеде друга посока, го однесе далеку од Потковицата и никогаш уште еднаш не го врати назад) скриени во житјата на реченото место го издемниле Хаџи Ташку со дружината и кога овие им се доближиле на само педесетина метри истрелале сите тројца наеднаш во нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во мојот бележник имам запишано дека нашата држава во рамките на Трумановата доктрина досега ѝ даде на Грција: 142 авиони со седум илјади бомби, деведесет и седум илјади пушки, три илјади и осумстотини и деведесет минофрлачи и митралези, четири милиони топовски и минофрлачки гранати и триста милиони фишеци.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Еднаш порано имам запишано дека и каде што се мноштво и каде што се само неколцина луѓе, се создава ист или сличен тип на односи при што присутни се и љубовта и омразата, и натпреварот, и зависта и настојувањето да се доминира, да се наложи власта од едни над други, присутен е стремежот да се создаде група, толпа, но во исто време и делби.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Да тепаш толкав пат кога Германија ја водеше најтешката војна, само за да легнеш некое русокосо, може слободно да се запише дека или си скраја од умот или си го згрешил друмот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Видете му го размислувањето и пресудите какво шуто отелила мајка му.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За односот меѓу малите и големите култури Сиоран запишал дека луѓето ги галеле големите култури како што анѓелите ги галеле светците.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Кој ќе посведочи и ќе запише дека за нас слободата секогаш имаше црвена боја?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Земете, велат, и ако признаете и се запишете дека сте Бугари, повеќе ќе ви носиме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И така во бележникот запишав дека од селото во граѓанската војна беа од: Аитос, мобилизирани 132, загинаа 39, Бесфина, мобилизирани 96, загинаа 25, Бапчор, мобилизирани 180, загинаа 62 Тиолишта, мобилизирани 55, загинаа 20 Мокрени, мобилизирани 188, загинаа 75, Кономлади, мобилизирани 367, загинаа 69, Добролишта, мобилизирани 53, загинаа 20, Езерец, мобилизирани 34, загинаа 12 Крчишта, мобилизирани 43 загинаа 29, В`мбел, мобилизирани 105, загинаа 19 Граче, мобилизирани 66, загинаа 38 Граждено, мобилизирани 46, загинаа 21 Загоричани, мобилизирани 87 загинаа 62 Герман, мобилизирани 288, загинаа 92 Нестрам, мобилизирани 127, загинаа 60 Статица, мобилизирани 185, загинаа 53 Сетина, мобилизирани 160, загинаа 65 Ошчима, мобилизирани 87, загинаа 26 Зеленич, мобилизирани 95, загинаа 23 Добролишча, мобилизирани 51, загинаа 20 Брешчени мобилизирани 41, загинаа 13 Косинец, мобилизирани 66, загинаа 22 Шештево, мобилизирани 87, загинаа 20 Старичени, мобилизирани 30,загинаа 12 Жужелце, мобилизирани 33, загинаа 11 Черешница, мобилизирани 54, загинаа 13 Новоселени, мобилизирани 32, загинаа 15 Крушоради, мобилизирани 62, загина 36 Дреновени, мобилизирани 42,загинаа 9 Руља, мобилизирани 125, загинаа 36.....
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А ако не се памети, значи не сме биле... запиши дека сме биле такви какви што сме биле.... само не пишувај дека сме биле малодушни, зашто такви не сме биле; запиши дека сме биле премногу верни и премногу измамени, но истрајни и цврсти... така запиши...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кој ќе запише дека живот сме точеле длабоко вжилени во прадедовата и дедовата земја на која премногу и сме биле верни?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во времето кога неговите сонародници и современици изворот на лудилото го толкуваат со влијанието на божицата Хера или пак со богот на војната Арес, еден од учениците на Хипократ запишува дека ни светли ниту пак темни сили го предизвикуваат лудилото, туку само нашиот мозок е она што нѐ прави “луди или делирични, ни внесува ужас и страв”.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Неколку века подоцна, Аретаеус од Кападокија, во делото „За причините и знаците на болестите“ вели: „Пациентот може да замислува дека има земено друга форма од својата, некој верува дека е врапче, петел, или земјена ваза; друг дека е Бог, оратор или актер кој го држи жезлото на светот; некои плачат како новороденчиња и бараат да бидат држени в раце, или веруваат дека се зрно синап и постојано треперат од страв дека ќе бидат изедени од кокошка.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Зад сека грмушка се крие идеалот за збогатување набрзина, зад сека грмушка на оние кои се стискаат да не се измочат в гаќи силници им ги превртуваат џеповите и кога нема да најдат ни петпаре од бес ги плескаат по газовите, ги влечат за уши, им бркаат во очите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Тогаш од пепелта на самотијата се зададе Давид, на мнозина им се стори малку подгрбавен и омлитавен, киниса средполе, однапред отпишан и прежален од сите, да му се истопори еден на еден на титанот, мечка страв мене не страв, нешто си мрмореше самиот на себе додека ја токмеше прачката, срдито си велеше доста тука се пееше прачка имам кураж немам, време е да има варено млеко за нашите деца, време е на пазарите да има и цреши без црви и со црешови семки да се запише дека тука нешто вистински постоело.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Одамна неговата лева рака (вујче е левучар) запишала дека луѓето се чудни овошки!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не сум сигурен дека резултатите од референдумот изведен кај нас би покажале мнозинска согласност со Jefferson.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Некои црквени и некои научни кругови се објективно сојузници против духовната алтернатива. Thomas Jefferson запишал дека поединецот може да ужива јавна доверба без оглед на своето мислење за бог и геометријата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Конечно, се чини дека толеранцијата воопшто не е возможна, бидејќи оној што ја практикува го тера или кон противречење на самиот себе си или кон самоуништување.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)