запознае (гл.) - млад (прид.)

Истата вечер, по давањето збор, не може да заспие од возбуда па излегува да се прошета низ парискиот латински кварт каде што влегува во едно бистро и сосема случајно го запознава младиот, сиромашен пејач Пол кој и самиот доаѓа од Америка и студира пеење во Париз.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Авторот на книгата, писателот и историчар Леон Каин (1841-1900), професор на Сорбона и конзерватор на големата библиотека во Париз Мазарин, во 1899 година го запознал младиот албански полиграф и полиглот Фаик Бег Коница (тогаш 23-годишен), со завршени филолошки студии во Франција, кој совршено го владеел стариот и новиот француски јазик, потоа неколку балкански и европски јазици, старотурски и новотурски, санскрит и други јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Приказната почнува во еден убав мајски ден, кога постарата, малку необична, мистериозна Г-ѓа Морисон во еден парк ќе го запознае младиот Г-н Стјуарт кој ќе ѝ се довери и пожали дека неговата љубена наместо да се омажи за него, сака да прави кариера на оперска певица.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Малку подоцна, Г-ѓа Морисон ќе ја запознае младата вереница Г-цата Робертс и ќе ѝ ја раскаже својата својата животна приказна: Во младоста, Марсиа (Г-ѓа Морисон), станува голема оперска ѕвезда во Париз, каде што и живеела.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)