запознае (гл.) - свој (прид.)

Тој ги запознал своите пријатели за добиените пари од Сарафов и од Гоце Делчев (Т.Органџиев тврди дека Орце примил 5.000 лева од Гоце Делчев) и за можностите веднаш да ја продолжат работата за минирање на филијалата на Отоманската банка во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Од 1899 до 1903 студира во Уметничката школа во Вајмар, каде што ја запознава својата прва сопруга Minna Tube.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Меѓу другото, тој истакнува дека разговорал со Едвард Кардељ, "еден од најдоверливите политички советници на Тито".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Да ги запознае своите најблиски роднини...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во извештајот од 22 јануари 1945 година американскиот разузнавач ја запознава својата централа со македонските територијални прашања.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- Ја запознав својата глупост и немам веќе своја работа да свршувам! Дланката на Глигор падна врз челото на Арсо. - Гориш.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Меѓутоа, треба да се има предвид дека британската политика во текот на Втората светска војна била, како што известува Черчил, „да го вооружи секој оној што можел да убива Германци“, без разлика на нивните политички програми.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од тој момент па сè до крајот на војната членовите на британските воени мисии во своите извештаи од територијата на Македонија секојдневно ќе го запознаваат својот шеф Фицрој Меклин за состојбата во Македонија, а овој извештаите ќе ги препраќа до клонот на СОЕ во Каиро, кој по анализите ги препраќа до Главниот штаб на СОЕ во Лондон, каде што и се креирала британската воена и политичка стратегија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)