започне (гл.) - игра (имн.)

Ќе собереше дваесетина пациенти во некоја од големите простории на болницата, и со еден од повиканите ќе ја започнеше играта во која лудилото го прикажуваше како глупост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Пред да ја започне играта со Деница во својата вила, Ниротакис доби телефонски повик од Авни, кој со девојките имаше краток одмор на паркингот крај Лупиште, северно од Улцињ.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Супер!“ извикаа Лиле, Цеце и Мими, па ја започнаа играта, давајќи ѝ предимство на новодојдената - а таа мошне еластично го прескокнуваше ластикот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Понекогаш тие игри изгледаа како лежерно потсмевање: кога некој кој веруваше дека е Казанова, го прашуваше за неговите љубовни авантури, или некој кој тврдеше дека е Наполеон, го прашуваше за неговите воени походи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)