започне (гл.) - со (предл.)

Судот ќе се откаже од изведувањето на докази ако износот потребен за намирување на трошоците не биде положен во рокот што ќе го определи судот (чл. 147, ст.1 и 3 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Цената за администрирање извршителот ја наплатува од доверителот пред да започне со извршните дејствија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога странката ќе предложи изведување на докази должна е, по налог на судот, однапред да го положи износот потребен за намирување на трошоците што ќе настанат по повод изведувањето на докази.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И така, бидејќи ми беше крајно здодеано да го започнувам секој ден на истиот начин, доручкувајќи во исто време, во истото опкружување (кое не можев да го променам, па решив барем она што можам, да го променам, да видам што понатаму ќе се случува и дали ќе предизвикам некоја временска дупка во хронолошкиот распоред на настаните), започнав со експериментот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Соочени со фактите дека сите нешта завршуваат и дека простувањето од животните задоволства ја има околу себе неизбежната атмосфера на тага, навистина има такви кои би го скратиле или избегнале збогувањето; коишто, уште повеќе, чувствуваат дека од она што и онака мора да се заврши (т.е. од сѐ, дури и од уметноста) треба да се збогуваме брзо, ако воопшто и сме започнале со тоа.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Непосредно по напуштањето на Балканот како резултат на германската и италијанската окупација на Балканот, британската известителна служба започнала со испраќање на воени мисии во нив.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Сепак, оставајќи ја оваа опомена настрана, да започнеме со Деридината главна философска теза: одрекувањето на присутноста.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дерида не ги посочува експлицитно нив; примерите што ги наведува се нешто како суштина, битие, И особено, свест.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но од друга страна, пак, - доколку Дерида е во право - можеби не постои ништо одредено што би требало да се разбере.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога ја ѕидаа куќата од Мировци во Скопје, пред да дојде сопственикот, Веле започна со Аригра: - Вујко Аргире, само ако ме послушаш, можеме за два месеци да бидеме готови со оваа куќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А ако се живи и неговите најблиски, ако освен тоа има и покрив над главата, и ако успеал да ја совлада помислата на самоубиство, тогаш граѓанинот на независна, меѓународно признаена држава Хрватска може да започне со преживувањето во мирновременски услови!
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Православните свештеници спасени од теророт и смртта, започнаа со црковните служби во спасените храмови од уривање.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Можеме да започнеме со насловите во весниците, со жалопојските во уводниците и во контакт- емисиите: дека нашиот едукативен систем се распаѓа; дека нашите студенти се сѐ помалку способни да ги читаат и разбираат зададените текстови; дека tag-line комуникациите, од некои наречени “bite speak”, ги уништи последните остатоци од дискурс во нашиот јавен и политички живот и од инстант- докторите и медиумските консултанти направи наши нови шамани; дека додека комуникациската империја се бореше за глобална хегемонија, издаваштвото падна под власта на „нултото салдо“, и дека ерата на „моќни трендови“ е пред нас; дека фондовите за уметност се кратат на сите страни, додека самата уметност изгледа преживува длабока криза на безначајност - и така натаму.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Сарафовиот комитет им давал повод на многумина што биле убедени во потчинетоста на Врховниот комитет кон дворецот и бугарската влада да тврдат дека зад Сарафов и неговите пријатели стојат бугарските штикови и дека револуцијата што се подготвува во Македонија е управувана божем од Софија и ќе започне со знак даден од кнезот Фердинанд и неговата влада.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Многу години подоцна читав една студија во која Зигмунд, тогаш средновечен, објаснуваше како се станува жена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Стоев, или лежев, со страв и болка пред тој запис, пред таа трага впишана во крвта, пред тој белег чие насетување започна со свесноста за разликата помеѓу моето тело и телото на брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Јас потполно, потполно се согласувам и со мое најголемо задоволство, но со тоа, што Катиш прва да започне со својата би-о-графија“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Битно е, што никој не може да ни забрани и макар што Первоједов, го гледам, се лути, но со раката не може да ме дофати. Деденце, се согласувате?“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Господе, ова нека започне со убаво. Доста беше тага за мојата Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Церемонијата започна со вообичаеното читање на словото на законот за бракот и обврските што тој ги носи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ѝ заглави чивија да не мрда, и започна со неа да ја копа градината, да ја чисти од трње и коров, да засадува цвеќиња и дрвца да ја уредува, да ѝ го враќа оној нејзин поранешен лик, да ја оживува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
9 Утрото започна со тивко чукање на вратата од спалната соба на Перо: влезе Атина, со филџан кафе и поголем пакет.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Откако Камилски срдечно се поздрави со Татко, наврапито и внимателно го отвори волшебното жолто куферче, ги положи речниците врз масата, со тоа давајќи му на знаење на Татко дека е веднаш готов да започнат со ловот на опасните зборови, небаре тие ќе исчезнеа засекогаш без да ја доживеат замислената осуда.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Продолжи ги овде правните студии, кои веќе ги имаш започнато со француските офицери во Поградец, со твоите француски, египетски, швајцарски граѓански законици, како што ми пишуваше пред да допатуваш во Турција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко и Климент Камилски долго време размислуваа по читањето и заедничкото коментирање на книгата Бувар и Пекуше, пред да започнат со нивната потрага по опасните османизми во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да започнеме со работа, долго време се подготвувавме, сите речници на турцизмите во балканските јазици ги консултиравме, но и надвор, од нив, па ќе видиме каде ќе нѐ одведе работата?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И пред да започнат со операцијата чистење на зборовите кои требаше конечно да завршат во минатото, како историзми, тие постојано се бореа со наносите што ги имаше секој збор отаде своето време поставувајќи си го постојано прашањето: каде останува тоа што веќе минало, дали минатото на некаков начин минува во сегашноста, дали е вечно присутно, дали идното е во сегашноста, дали тоа што било конечно значи никогаш повеќе, дали народите кои не го знаат своето минато се осудени одново да го живеат?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски постојано ја покажуваше својата нестрпливост да започнат со конкретна работа на бележење на опасните турцизми, додека Татко и натаму настојуваше да се релативизира почнувањето, со нови теоретски задршки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пред да започнат со активностите „Под врбата“ се среќаваа крај фонтаната каде редовно ги чекаше Киријаз.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Бендот започна со свирката. За чудо, им пееше девојче, кое не се разликуваше многу од нејзините другари од бендот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Започнаа со некоја балада, Александар ја имаше чуено неколку пати на радио и немаше некое посебно мислење за текстот, но овој пат, претпоставуваше поради пејачката, песната почна по малку и да му се допаѓа.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Не дека посебно настојував, така ми идеше денот со него да го започнам со мали нежности, со божем случајни допири, со детинесто поставени прашања на кои самата си давав благоиронични одговори по што брвнував во смеа, на што тој ќе речеше - денес да се плати струјата или така нешто, и ќе ме оставеше да стојам со отпуштени раце во ходникот додека звукот од лифтот не ми потврди дека веќе е долу, и дека треба да се чека дури утрешниот ден за нов обид за остварување на онаа блискост што се сведува на радост што ете, на овој свет сме заедно, оти она што повремено нѐ зближуваше ноќе, беше само страст, дива и мрачна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тивката музика од музичарот на клавир совршено се вклопуваше во амбиентот, а персоналот кој ни се претстави кога започнавме со вечерата, сите беа доктори по кулинарство, со искуство стекнато во најреномирани светски ресторани.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Пред повеќе од 25 илјади години сме започнале со камени ножеви и на крајот на краиштата сме стигнале до делење на атомите.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Се сеќавате на филмот Chinatown? Луѓето коишто го основале Лос Ангелес, започнале со водата да прават капитал - ја пренасочиле во центарот на градот и ја продавале.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И започна со силни експлозии да ја потресува куќата од Китан. Разлетуваа парчиња камења од каменоломот на сите страни.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Исплашени започнаа со стапови и вили да ја растргнуваат запалената слама, да го гаснат огнот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Со речиси книжовен приод во овој изоставен дел од спомнатиот вовед, професорот Седларов беше истакнал: „Дозволете ми излагањево да го започнам со она мое необврзно излегување на балконот од куќарката што е крената веднаш зад блискиот свиок на автопатот кој наеднаш ќе се појави и веднаш ќе се скрие следејќи го од височина забавениот тек на Пчиња.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Мајка ми направи многу убави колачиња, - вели Зоки и така го прекинува разговорот што неговите родители го започнале со гостите.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Знаеш тато, започнале со поставување на хидрантна мрежа и мрежа за отплинување на теренот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Велам, ајде да започнеме со еден едноставен случај.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
[...] Историјата на „шемите” започнува од Емануел Кант, а можеби и порано, но јас сакам да започнам со изложување на работата на еден истражувач од почетокот на веков, Сер Хенри Хед (Henry Head) еден од оние среќни луѓе чии имиња асоцираат на нивната професија.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)