започне (гл.) - тивко (прил.)

Започна тивко, ненаметливо. Прво со жените на улица, на фурна, во бањата, в црква: Оздраве ли детето, пише ли синот од војска, како е зетот, внуците, убава метла си купила, стомни, пиперки, рано дојде зимата...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ги чувствував овие нејзини зборови, како последен аманет, што никогаш не го заборавив. – Мајко – започнав тивко, откако таа го угасна телевизорот – се готвам да патувам за Франција. Ќе останам два месеца.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)