започнува (гл.) - борба (имн.)

Измислив еден сон за сите: ја започнуваат борбата за својата слобода со тоа што го совладуваат сонливиот стражар Шарлаган- кан и победниќки пеат: Се бориме, се бориме, кон слобода чекориме.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ја колнат реката, но пак од неа не се делат, не бегаат: ги поправаат одново оградите од дворовите, ги подѕидуваат излоканите плитари, ги зацврстуваат, го подѕидуваат коритото, прават нови мостиња и одново започнуваат борба со неа кога ќе надојде.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Припитомена меѓу првите животни од човекот во рајските градини на Месопотамија, козјата трагедија, според Жан Домек започнува по Француската буржоаска револуција во 1789 година, кога во името на прогресот, започнува борбата против козите, како животни кои, уништувајќи ги шумите и цветните градини во Франција, ја загрозуваа цветната иднина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Шарлаган- кан часкум заспа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)