заседне (гл.) - во (предл.)

Заседнале во ендекот затскриени од клениките и повитот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но, ти одбра да те заседнат во градината на Бари и Рози, со подадени дланки, но без кошничка со овошје врз нив. Па, и што ќе ти е таа?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Дури и во неговата последна година, кога цвеќето го ставаше пред луѓето.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Кога судбината ќе ја затвориш во војничка матарка место да ја оставиш во познатата древна волшебна ламба или во глинениот сад скриен во таен дел на домот, зар нема да го очекуваш она што мене ми се случи? - се прашуваше Раде Ич откако заседна во Кралска круна, на штипското Корзо.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но, бидејќи Аето, заседнат во топлината на роднинскиот прием на Паца заради кој беше дојден, го немаше да се појави, децата наскоро ги ставија своите љубопитни прстиња на колата поради што уште повеќе ги закопка иштата да видат што има во колата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Прво се издвои постариот - иако уште студент на Академијата, се нашол со некоја помлада колешка и заседнал во нејзиното засолниште од кое си приспособиле заедничко ателје.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Гратче како и многу други, заседнато во подножјето на планината, така како што слегувале луѓето од селата и се запреле онаму каде што почнувало полето - токму како сточари што се спрепнале да станат орачи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ќе заседне во некоја биртија и по трипати ќе се менува во денот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)