заскокотка (гл.) - по (предл.)

Ја извади желката и со прстот милозливо ја заскокотка по вратот и нозете.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Таа, разбудена од неговите вознемирени движења, се обиде да ја сврти работата на игра - го заскокотка по стомакот, а тој скокна од болка.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
- Јас ќе ти помогнам! - рече Месечината и го пушти својот најсилен зрак кој заигра по лицето на Снежана и ја заскокотка по нослето.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)