заслуша (гл.) - во (предл.)

Еден друг мој колега, (по пишување стихови и книжени дрсканици) секогаш кога ќе мавне чашка две-три ракија, сериозно се заслушува во песната што ечи преку кафеанските звучници.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Повнимателно се заслуша во музиката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Детето се приближи до колибата со мачешки стапки, се заслуша во ноќта да не би да допира некаков шум и бргу да се изгуби во неа.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Сега можете да го сетите, - им зборуваше во себе ним, собрани на креветот и заслушани во силните писоци на дивината надвор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Жената не одговори. Тропкаше со нога, заслушана во некаков такт.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)