заспие (гл.) - дете (имн.)

Утре дојди да ти раскажа шо те интересуа, — ѝ одговори кратко Тода и си влезе дома да види дали ѝ се вечерани и заспани децата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Велам: погледот на некои небески очи како топла постела за да заспијат децата...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Може да биде бел, ако сакаш да му сигнализираш чиста и искрена дружба по темница, а силно црвен кога сакаш да му соопштиш дека ептен си запалена и едвај чекаш да заспијат децата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Имам многу пријатели тука”, ѝ одговараше полугласно, свртен со грбот кон неа. „Немаш”, му одговараше таа, шепотејќи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Па сепак, во вечерите, откако ќе заспиеја децата, додека му шепотеше во постелата, таа го тераше да ги прифати тие промени.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Откако ќе заспијат децата Откако ќе заспијат децата, имаме време да се запознаеме подобро но премудри сме за да запаѓаме во неволји.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Откако ќе заспијат децата можеме да ѝ се посветиме на уметноста, но зар е таа вредна сонот за неа да се жртвува.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Откако ќе заспијат децата, би можеле да го надоместиме пропуштеното но нашите дечиња не се мечиња, туку дечиња.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Откако ќе заспијат децата, голтаме по неколку редови од книгата: Подобро да заспиете, отколку да се убиете.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Откако ќе заспијат децата, набрзина се соблекуваме и панцир-пижами облекуваме.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Откако ќе заспијат децата, би можеле некаде и да излеземе, но каде би оделе без децата.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Откако ќе заспијат децата, проверуваме дали имаме презервативи.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Откако ќе заспијат децата, би можеле цела ноќ да се бакнуваме но ние немаме време за губење.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)