застане (гл.) - рамо (имн.)

Опортунисти и идејно блиски на Врховниот комитет, Татарчев и Матов повеќе биле наклонети кон разбирањсе со сличните на нив во редовите на самата Револуционерна организација, со официјалните кругови на Бугарија и со Врховниот комитет, отколку да застанат рамо до рамо со оние што револуционерната идеја и практика ги определила да бидат вистински изразители на стремежите на македонскиот народ.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
По Перл Харбор, САД застанале рамо до рамо со Велика Британија во борбата против силите на Оската.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)