застане (гл.) - зад (предл.)

Замислете си: илјадници читатели застануваат зад делото на Меша Селимовиќ „Дервишот и смртта“ и ги плукаат илјадниците читатели кои стојат зад делата на Андриќ оти овој рекол дека на Селимовиќ едноставно му се случило прочуеното дело.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тој застана зад Франца, се намршти незадоволно, почека троа, како да смислуваше што да му рече и најпосле го чукна по рамо: - Стоте лева да ми ги вратиш.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А-а?!... Што правиш, сите си отидоа. Извика од вратата Драган и застана зад неа, поправајќи си ја врската.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Застанаа зад еден ѕид, ѕиркаа, приѕиркуваа, разгледуваа, но ништо не видоа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Французите застанаа зад нив, почнаа да ги загледуваат, да се чудат што станува Шишман прв го крена својот поглед со очи големи како филџани, бледи од тага.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Срната, откако за пред малку беше збунета поради тоа што ја напуштивме, дојде и застана зад нас божем и таа да слуша.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Вината, брату, си зборував отворено пред себе си, застанат зад купчето земја, е што не си проценил како што треба.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Овие самонаречени ‘чувари’ на словото, а не на духот на законот, работејќи во една системски корумпирана атмосфера, така дрско и безобразно, застанаа зад парчето интриганство – кое се состои во тврдењето дека меѓу работодавачот и работникот постои божемна ‘слобода на договарање’.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И да бидеме докрај иронични, кај нив отсуствува креативен сенс за една природноправна, контекстуална и телеолошка интерпретација на пишаното трудово право, а со тоа како потсвесно да се сложуваат со познатата Катонова приказна дека дури и „... смртта на работникот, не го чини работодавачот ништо“ [ако со закон поинаку не е определено]!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тажен е податокот дека, ретко кој од денешните наши судии посветува внимание на „потчинетоста која ѕирка зад фасадата на наводната договорна еднаквост“ (Пол Дејвис) – оти купувачот и продавачот вообичаено, барем во економска смисла, се еднакви, ама работникот и работодавачот не се.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Застанав зад луѓето и им ги голтам зборовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Лаже, велат некои комити застанати зад Германците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не, не, таа сепак правилно постапуваше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали навистина можам да застанам зад она што го тврдев?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Погледна пред себе како да му е потребно тоа за да го припреми своето противење, но кога пак го сретна строгиот, беспоговорен поглед на човекот во сина облека, без да рече што било, си ја голтна плунката и без волја застана зад двајцата селани.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)