застане (гл.) - малку (прил.)

Едниот од стражарите грубо ѝ викна: - Дур, мори ѓаурко!47) Жената се збуни, застана малку, се сврте кон муљазимот и го замоли: - Муљазим, ефенди, ги носам чергиве од перење.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Застани малку - му реков, веднаш потврди. Одиме за Божиќ таму.....
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Многу ми тежат чергиве.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Пискулиев го отвори вратничето, застана малку свртен спрема улицата, клепна.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А во една мала продавничка со прибор за пишување, недалеку од тука, ја купи перодршката и шишенцето со мастило. На врвот од скалите застана малку.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Застанаа малку на страна, покрај плакат кој рекламираше поволен кредит од С-банка, под кој случајно ѕиркаше зборот „Убиство“ - остаток од постер против абортусот кој бил тука пред него.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Застани малку и здивни“, рече мајка ѝ .
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)