застане (гл.) - мирно (прил.)

И дури тие чекаа да се заврти Толе и да им даде знак за напад, овој ја симна пушката од десното рамо, се приближи и тој како Шаќир, но без да застане мирно, го поздрави Петрета со истите зборови: „Смрт или слобода".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас досега се боре како шо знае и може, а отсега еве ти а пушката и мојте другари — теслим.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дежурниот офицер искомандува: - Мирноооо! Сите застанаа мирно.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Дежурниот офицер ја извади книгата заповеди и почна да чита: „ЗАПОВЕД“ „Ѓорѓи Делчев, јункер од ова воено училиште, за давање недозволени книги за читање на јункерите, кои беа в затвор, се казнува со пет дена строг затвор.“
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Мирно и не зборувај таму! Мирно! Не знаете да застанете мирно? Ќе научите, наскоро ќе научите!...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Винстон застана мирно пред телекранот, на кој се појави сликата на една помлада жена, усукана, но мускулеста, облечена во туника и со патики.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пред да излезам, фрлив уште еден поглед кон „бернардинецот“ што спасил 40 човечки животи и уште еднаш застанав мирно.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога сите застанаа мирно, тогаш Шишман на брзина се ведна, го џапна камчето и брзо-брзо се исправи.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Без да тропне влезе служителот и застана мирно. Гласник од боиште, ништо друго.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Индивидуата иако со мало задоцнување сепак сфати дека не смее да ме пречекува застанат мирно, како што се пречекуваат големците.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Веројатно помислил дека таквото однесување можеше да биде погрешно протолкувано.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Јас му велам: Претпостави ако застанев мирно, непријателот ќе ја искористеше таа пауза и можеше сè да се случи.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кузе ми вели: Милке, сигурно и тебе ќе те викаат, што ќе им кажеш?
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога ќе ги затвореше очите и ќе застанеше мирно, без никакво движење, вкочанет, можеше да си замисли дека стои сред некаква низина, а зимата е без ветер, без ниту една куќа, со стотици километри наоколу и дека придружници му се само празните речни корита и соголените, суви дрвја.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)