застане (гл.) - некаде (прил.)

Мислам дека би било многу подобро, и за мене, и за тебе, му зборуваше, кога би застанал некаде поблиску, така за да можеме уште до вечер да ја имаме нашата нова средба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таму застанаа некаде, меѓу некои обраснати ѕидишта, офицерите се сретнаа со други офицери после што војниците направија обрач околу зелената ограда на некоја неголемка ливада сред која беа наседнати и некако забиени еден во друг цела толпа од околу сто и педесет мажи од најмали до најстари, немоќни старци со кечиња, забрадени или небричени, со испиени лица како да гладуваат, со пропаднати очи и со веднати глави и замислени лица.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Застанаа некаде во центарот. Му подаде рака на разделба.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Потоа пристигнуваа нови луѓе, по навика одеа да застанат некаде на страна, но не можејќи да го издржат притисокот на погледите на оние првите што човекот во сина облека толку многу ги дисциплинира, конечно застануваа во редот и така се направи еден долг ред.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Потоа пристигнуваа нови луѓе, по навика одеа да застанат некаде настрана, но не можејќи да го издржат притисокот на погледите на оние првите што човекот во сина облека толку многу ги дисциплинира, конечно застануваа во редот, и така се направи еден долт ред.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)