затвора (гл.) - врата (имн.)

Писател кој е отсутен со умот ги затвора вратите на перцепцијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
(245-246) Влегувам во собата и ја затворам вратата толку полека што таа не ни забележува (ни вратата, ни жената која е во собата).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Бил Маер е омилен гостин во нашиот дом. Секој петок во осум навечер затвораме врати, гасиме светла, исклучуваме телефони и го гледаме неговото шоу.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Поради здравјето, ми вели додека ја затворам вратата од лифтот, а потоа, на патот нагоре, таа започнува со кажувањето на првата приказна во текот на оваа посета и веќе е некаде кај описот на канцеларијата на адвокатот Сечков, додека јас сѐ уште ја затворам вратата од двата куфера во рацете.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Стои миг-два, стеснувајќи се, во очекување учителот пак да го избрка надвор, потоа, охрабрен малку од неговото молчење, ја затвора вратата тивко и пречекорува кон таблата.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Секоја вечер четириесетина стражари и вратари ја затвораа вратата и сѐ до зори вардеа, така што никој не можеше да се префрли одовде ни од едната, ни од другата страна на брегот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На колку рати ќе си одам, го прашувам, но тој веќе ја затвора вратата од камионот и ми заминува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Откако забележува дека не реагирам ми приоѓа уште повнимателно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како да ми беше спомнато и името? - прашува таа додека ја затвора вратата и ме гледа испитувачки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-Не знам од каде гласовите - вели таа - наоколу е таква тишина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
МАТЕЈ: Има ли смисла да се лежи поради ова? (Го пушта. Оди во својата соба. Затвора врата. Пауза.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
САРА: Ќе дојдеме. (Сивиќ излегува. Ја затвора вратата.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Најголемката сака да ги прескокнува сѐ уште нераздвижените, кога Чана ги крева рацете и со нив чиниш пак ја затвора вратата Да почекаме уште малку!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Влегувавме во два часот попладне, ги затвораа вратите, а филмот почнуваше по два или три часа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Потоа си ја затвораше вратата од собата и стоеше пред шкафот десетина минути, чешкајќи си ја главата во потрага по кошулчето што тој ден ќе го облече.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Настана молк во кој и двајцата ништо не правеа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
ИВАН: (Ја затвора вратата зад себе и влегува во собата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: (Ја затвора вратата и се враќа.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
(Пауза. Луков се обидува да се смири. Затоа оди и внимателно ја затвора вратата низ која излезе Неда и проверува таа да не наслушува.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ЛУКОВ: (Откако ќе излезат, ја затвора вратата и се враќа во собата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
МЕТОДИ: (Оди и ја затвора вратата низ која излегоа Иван и Младичот. Останатиот дел од разговорот се води главно придушено.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
(Излегуваат. По малку се враќа Христов. Тој внимателно ја затвора вратата зад себе и ја повлекува Неда во спротивниот агол од собата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Направив така да се слуша како да се затвора врата, како да пеат деца, како да свири музика.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)