зафати (гл.) - да (сврз.)

Така поминуваа години во кои Бенвесниста беше далдисана во исчекувањето на синот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со текот на годините мајка му се повлече дома, се зафати да се грижи уште повеќе за помалиот син, но овој, несвикнат на работа, брзо се даде по ашикување и уште побрзо се ожени со некоја унгарска монденка во новиот темен костум на риги што му го соши брат му за „велика матура” склучувајќи, како што слушнаа од добри луѓе кои доаѓаа од Преку8, граѓански брак во некоја од општините преку Сава.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се втурнаа во општината и зафатија да се растрчуваат низ неа: распослаа по одаите сламишта и ќебиња, наместија во дворот казани за готвење и ја заградија чешмата со лонци и котли.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Планот нѐ восхити и нѐ возбуди до петите. Митре, Ѓеле и Калчо заминаа, а ние зафативме да собираме камење низ трапот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Патеката до изворот, која беше на дваесетина чекори пред колибата, онаму во бавчичето крај потокот, беше завеана како и сѐ друго, па Бојан се зафати да ја исчисти.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во едно друго писмо (ова е напишано од Бугарин) вака ни пишуваат: „Едночудо празноглавци, глупаци и подлеци се зафатиле да посеат раздор меѓу јужните славјани и да им угодат на нашите заеднички непријатели; но нивните напори ќе останат јалови зашто честите и здравомислешти мажи се смеат над исторските шарлатанства на архимандритот Пелагиќ и над „ереминиот плач“ на неодамна починатото многублажено „Право“.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Деновиве добивме едно честно писмо од Белград во кое меѓу останатото пишува: „ Јас никогаш не можам да ѝ заблазнувам на личност која се зафатила да критикува луѓе кои не ги познава и од кои никогаш не барала извинување.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Нашите надежи се поддржуваа од Бугарија и како да се зафатија да се реализираат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Европејците се потресоа и се ужасија од тие известија и зафатија да им го укажуваат нужното влијание на своите влади за да се пресече колењето на мирното население и да му се помогне на несреќното македонско жителство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но откако зафати војната, на луѓето умот сѐ повеќе им се сврти кон гробиштата; започнаа да ги оградуваат, да ги чистат гробовите од трње, пиреј, капини, глог, змиорики, повит; зафатија да се натпреваруваат луѓето кој подобро и полично ќе го уреди гробот на својот предок, на своите блиски и роднини; започнаа надгробни споменици од најличен камен и мермер да се прават.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Човекот зафати да сипува од тенекијата во чашите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Старецот потоа берел секакви тревки и ги варел, ја терал снаата да пие, и пак ништо не помогало, селаните сепак не виделе дека таа оди како да носи лубеница под ленената кошула и не ќе го виделе тоа ако и другиот тревар, Пандил Димулев, не се зафатил да ја лекува, секогаш по залез и без сведок, со денови и со месеци можеби, па во некое утро застанало момчето пред својот татко и, копајќи со врвот на опинокот пред себе, сцрвено и бушаво од сон, рекло дека може да се почувствува со рака и уште повеќе да се чуе со уво: русокосата женичка носи под градите живот, ќе биде или внук или внучка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред десет години Никола Влашки го женел синот и, кога ни по две години не дочекал внук или внучка, сеедно, ја прашал снаата машко ли е момчето и што се случува ноќе кога таа ќе легне со него, ја задева ли, и ги трие ли со дланки јаболката под кошула, легнува ли врз неа, а таа се срамела, бегала од свекорот, но тој и на нива и в куќа сѐ за исто ја прашувал, додека најпосле, еднаш, не му признала дека момчето е машко, повеќе машко отколку што мислела таа за момчињата кога била девојка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Си биле тројца браќа, кои се зафатиле да изградат кула од којашто ќе ги следат турските зулумќари.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, српскиот селанец гледа само една причина за таквата несреќа: тој знае дека куќата ќе падне ако во темелите не се заѕида машко или женско, чии коски до Судниот ден ќе го држат врз себе тоа претешко камено месо.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога ги слече и панталоните и здолништето од на себе, коњот го почувствува нејзиното голо тело на себе, ги почувствува нејзините голи и врели ципи стегнати на неговиот мев и се возбуди така силно што зафати да јури со сета сила и да 'ржи со крената глава.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Од земјотресот се разниша и брегот над селото, пукна нешто во него, и заедно со сулфурната вода и пареа што порано избиваше во неговото дувало - сега зафати да избива чад.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Очите на попот наеднаш му појдоа накај прозорецот и запре со читањето. Стоеше како стаписан. Луѓето зафатија да мрдаат, да шушкаат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Методија ги дофаќаше предметите, се држеше да не тоне, но не излегуваше, туку мавташе со нозете, напињаше и гледаше да дојде до оглавот на магарето, да го фати, да го извлечка и него; но кога ќе му успееше да го фати за оглавот, матицата на водата ќе го зафатеше да го влечка и тој пак го отпушташе и фаќаше надолу.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Потоа луѓето се нафрлија да купуваат алатки за работа: искупија плугови, гребла, копачи, мотики, сорови, клинци, шари и зафатија да ги поправаат куќите и плевните, да ги ораат нивјето, да сеат, да садат, да ги режат овошките; го тераа добитокот да пасе по планините и високите места каде што тревата беше чиста.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Илко и Богуле зафатија да му фрлаат на Методија дрвја, гранки за да се зафати, да не тоне; но силната вода ги носеше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кога им потсмекна малку жалта и болките на луѓето за загинатите, зафатија да ги прават другите редови што ги носи животот: направија неколку свадби кои поради војните, останаа не направени; потоа продолжија со редовните свадби, а почнаа да женат и мажат момчињата и девојчињата предвреме, уште млади - тукушто почнало ѓаволчето да им се буди во нив и да ги вознемирува.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
XXIX Свинската чума одново се јави во селото, зафати да се шири, и од свињите да се пренесува на луѓето: започнаа луѓето нагло да умираат; секој ден се огласуваше камбаната, секој ден имаше погреб; заразата се ширеше од еден на друг: ги зафаќаше луѓето силна треска, висока температура, огница, паѓаа во бунило, им се воспалуваа дробовите, им се надуваа очите, по кожата им се нафрлуваа темни дамки, бубулки, кои расцутуваа во гној и се распаѓаа; им се воспалуваше грлото, кашлаа непрекидно и длабоко како да рикаа корнејќи ја утробата; им отекнуваа жлездите под пазувите и на вратот и не можеа да се помрднат; жлездите им загнојуваа, им ја труеја крвта и умираа во тешки маки.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Беше повеќе од јасно дека откако бев влегол во канцеларијата на Бунде со пиштол в рака мене веќе никој не можеше да ми помогне, а и никој повеќе нема да може ни да ми наштети! Но кому да му објаснувам!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А што се однесуваше за знаците што ми ги испраќаше, мислам дека се беше зафатила да опоменува погрешен човек.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Затоа и се зафати да го извлекува ременот од панталоните; Оф, секогаш кога сакаше да ме поддржи го правеше тоа на најнесмасен начин!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога младинецот се зафати да пие, тој му пушти незабележано една струјка вода во вратот, во градите, во испотеното лице.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Протегна рака и од босчето исече едно подебело парче, па си зафати да си делка црцало.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)