зачека (гл.) - одговор (имн.)

Доста ја погледна испитувачки и небаре на шега и се обрецна: — Шо му стори, мори џадио, на чупето преѓеска? — и зачека одговор.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— И и го раскажа целиот разговор што го водеше на анот од Младена и зачека одговор што мисли таа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Кој тропа? — викна тој однатре и зачека одговор.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ама чурук жена, мајката брееееј! — Ја заврте главата Ристе и зачека одговор од побратимот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)