зачекори (гл.) - во (предл.)

Со такви мисли, тој ќе зачекори во Битола, во потрага по старите отомански списи кои се чини дека неколку векови се криеле токму во еден од битолските вакафи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Натаму, напуштајќи ја населбата, зачекорува во бавчите и низ нивјето стигнува до Долга Чешма.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога зачекорив во театарот, наидов на цела група луѓе кои „зорле“ работеа, некако „зорле“ го вадеа парчето леб.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Механички се свлече, расфрлувајќи ја облеката зад себе, зачекори во морето.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во еден момент, сакајќи да ги сними еленот и срната засолнати под големиот даб Ивона зачекори во празно и се струполи во длабочината.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сѐ е ова претераност, мислеше. Јас допрва зачекорев во полнолетност.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Го тргна поклопецот од дувлото и токму сакаше да зачекори во него нешто го пресече.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Не. Не се стрча Сане Сандин, туку подлетна, со леснина се поткрена над патот и зачекори во воздухот. Почна бргу да се оддалечува.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Излезе пред колибата, сѐ уште не осмелувајќи се да зачекори во снегот кој почнуваше на чекор од вратата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Претседателот и бригадирот Језекил ги преметнаа преку рамо своите пушки и зачекорија во снегот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не сфатил дека она нејзино негодување во врска со несигурната претпоставка, дека можело да се случи нивната врска и да успее, било само еден вид малечка итрина со која се служат девојките кога ќе сфатат дека некому му се потребни.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не можел изгледа да си претпостави дека таа одвај чекала да зачекори во неговата желба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Американските мјузикли се сосредоточени на жените, од Етел Мерман до Бернадет Питерс и Бети Бакли“.)285 По правило, секоја активност што може да се толкува како предмет на прикажување во нашето општество значи да се зачекори во жариштето на божемниот машки поглед, а со тоа и ризик да се испадне феминизиран.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Иако машките и женските може, а и мора, да се појавуваат на музичката сцена“, напоменува Милер, „тие не се еднакво добредојдени на неа: исполнителката секогаш ќе има предност зашто за неа се смета дека ја претставува таа сцена, како нејзин знак, нејзинa чинодејка, нејзина суштина и нејзино величие; додека мажот таму го трпат под услов, со инфериорноста или со потиснувањето на сопствените дарби, да помогне да се воздигнат нејзините дарби“.283 Ако маж ја заземе сцената и си ја присвои, тоа ќе значи дека се откажува од своите машки акредитиви, како што бргу им се обелоденило на Фред Астер и на Џин Кели.284 Далеку од тоа дека го консолидира машкиот родов идентитет, чинот на појавување на сцената повлекува одредено количество родова беља за машките изведувачи – беља што, од своја страна, предизвикува низа сложени стратегии за нејзино ограничување и за справување со неа. ‌Она што важи за бродвејската сцена важи и воопшто за изведбените уметности и за самата изведба. (Иако не треба да ги пренебрегнеме и локалните варијации: Џон Клам нѐ потсетува дека „британските мјузикли историски се сосредоточувале на мажите, од Ajвор Новело и Ноел Кауард до Жан Валжан и Фантомот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мажите во нашето општество не ги повикуваат редовно на сцената за да се покажуваат или за да уживаат на очиглед од мешовити публики.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И така фатен во орото на сакатите таа, иако држена под мишките, зачекори во животот... макар и очаблавена, таа се фати на оро, смогна сили да најде потпора во радоста на постоењето и сигурност во другарувањето со слични на себе и да се чувствува достоинствено, ведро, животворно и полетно.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Овој пат бев сигурен дека го слушнав смеењето на Јана иако не бев сигурен од каде доаѓа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А можеби и грешам. Можеби со оваа постапка Самоников зачекорил во еден свет чии што вредности ние воопшто не ги познаваме”.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Особено кога токму со нив ќе зачекори во пределот на отсутноста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
XXI Јагулче Дримски, којзнае зошто го завикале Јагулче: дали зашто уште в пелени се прперкал, сакал да стане, веднаш да зачекори во животот, или неговиот кум имал некоја тајна своја, на која само тој имал право, остана нејасно за секогаш!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А потоа, речиси во моментот кога зачекори во прозорецот, видов како влезната врата на Уредот се отвора.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Зачекорив во канцеларијата , а Вртанов не се ни помести од столот, ниту пак погледот го поткрена кон мене.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Тоа е смртта, никакво спиење, ние сме по...“ „Зошто? Зошто? Змејот никогаш не зачекорил во градот!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)