заѕури (гл.) - во (предл.)

Мислиш ти не знаеме ние оти ќе кревате ѓурунтија овие дни?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе Паша собират селаните да бркат нас од уќуматот и кашлата, а ти мене маслосуваш и тураш вода под рогузина. Му се наднесе над лицето, го фати за раменици и му се заѕури во очите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кадијата ги прегрна двете кадани што му седеа на колената, ја здружи главата со нивните и се заѕури во играчицата која се виткаше како змија низ трева. – Аферим, бре Халиле-е! – се провикна кадијата, ги ослободи своите раце и почна да плуска силно.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пак му се заѕури во лицето и сакаше да го стисне за гуша, да го удави што не му го доведе детето што го зеде со себе. – Кадијата од Прилеп ги собра сите деца од Атпазар, па и нашиот Ѓелета го плени.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Анѓа се здрви и му се заѕури во очите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сите се зачудија, но се исправија на коленици и послободно му се заѕурија во очите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Му ја поткрена наведнатата глава и му се заѕури во големите крвави очи – Кажувај, бре сине на ѓаволот? Сега пак те поткупија?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)