зближи (гл.) - во (предл.)

Варзилото сам им го беше донел од бојаџиската чаршија на Тодора, на Паунка, и на мајката Јана, а кромидовите лушпи и цутовите од лутиче сам ги слупи и ги набра, и сѐ се радуваше дека жените ќе се зближат во радосното вапцување, а Тодора ќе ги отпушти дизгините.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И ова Езеро се најде пред нивните животи да ги поврзе, да ги зближи во силно пријателство.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)