зголеми (гл.) - давачка (имн.)

Но за тоа, за пресудниот бој со нив, со Европејците, тој, Мурад III, веќе издал високославна заповед да се зголемат давачките.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Отсега ќе ви се зголемат давачките, ќе морате да плаќате даноци за сѐ што подигнавте. Сами сте си виновни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потоа, Портата, поаѓајќи од умножената работна рака, им ги зголеми давачките, и трето, поради каквата-таквата заштита од самоволијата на приватните спахии- Турци, на Имотот почнаа да се доселуваат елевтери.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)