здогледа (гл.) - во (предл.)

Но желката подаде глава и го здогледа во темнината.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Посакуваше оддалеку да го здогледа во насобраната толпа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пела, стискајќи се во фустанот на бабата Перса, ништо не можеше да разбере од гласовите што се слушаа од секоја уста, ама затоа пак нејзините итри сини очиња ја видоа широката тепсија како плива врз главите на новодојдените полна дури со врв и покриена со некоја бела убава басма што некој , подоцна, ја нарече, свила, и таа тепсија сама од себе како да лебдеше врз главите и откако влезе заедно со тоа купче тела во дневната така набрзо излезе од таму и како да јурна во спалната и кога таа успеа да се провлече низ тие разлетени фустани и машки костуми, ја здогледа во празното врз широкиот кревет и во тој миг од страната на балконот како здрвена стои тетка Деспина, а една друга тетка, тркалезна во лицето со светилки во ситните очиња нешто ѝ зборува и ѝ подава шејови што ги вади од тепсијата и ги реди на нејзината десна рака.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ја здогледа во момент кога целото внимание му беше сосредоточено врз еден диференцијал симнат од еден „ауди“ заради поправка.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Откако ги разгледа сите шишиња и чаши, го здогледа во аголот зад шанкот дебелиот човек седнат пред касата и со отворена книга на коленото пред него, отворена, ставена врз бутината, отворена и поклопена со неговата тешка рака.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Кога ја здогледав во светлината, таа беше една сосем стара жена, од најмалку педесет години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога неочекувано ме здогледа во огледалото пред себе, прво како да се сепна, но бргу потоа се прибра.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Она што ненадејно го здогледа во светлината на ламбата беше дека жената беше стара.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)