здружи (гл.) - со (предл.)

Ех, вели Цветан Велјаноски, ако ни успее ова со општинава и со училиштево, отпрвин ќе ни служат само нас, ама после, ко ќе ја видат ползата од нив, може ќе се здружат со нас и веселчанци и тројкрстчанци и тополчанци, а може и некои подалечни села.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но студиите не му врвеле најдобро; се здружил со тамошни бунтовни младежи и со нашинци работници печалбари, па, наместо да студира, се оддал на политика.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во тој свет на маалото имаше населено, пред војната и по војната, луѓе од сите страни на Балканот, но и надвор од него: Македонци, Албанци, меѓу нив муслимани, католици и православни, познати како Шкрети, Турци, Срби, Ерменци, Грци, Бугари, Власи, Хрвати, Босанци, Роми, дури по некое руско семејство и други, сите поврзани со заедничката грижа на опстанокот на семејствата, како да ги нахранат децата во гладните времиња, принудени во едно време да чуваат кози, да се здружат со козите на козарите, повикани од режимот од планинските села, да станат работничка класа, но набргу козите од други причини им беа одземени од козарите и ликвидирани, а козарите не станаа никогаш работничка класа каква што ја замислуваа архитектите на новото комунистичко општество.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мора сето ова да го скроиле тие за да се осветат, бидејќи не се здружив со нив, со нивниот волчи апетит!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Таму тој се здружил со некој даскал и умот му бил само во книги и ука, а не во работата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
„Ситно сечи го кромидот”, „Убаво измеси го месото”, „Не штеди на кашкавал... нека биде шарска баш!”, го слушав нејзиниот глас додека од долниот балкон му делеше инструкции, а таа, веќе здружена со сите фамилии, распиштолена пиеше кафе со Фиданчо и неговата половина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Го изгубив видот на утробата, не бев веќе нему подобен, и трајно се здружив со двајцата понижени и бедни духом, во борба со Него, што заврши така како што заврши: јас денес мрава сум, на црн мрамор, во најцрна ноќ, а Бог не само што ме гледа, туку и го слуша топотењето на нозете мои.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Затоа, и покрај сета нивна ненаситна морничавост, Змејко секоја вечер наново ги исчекуваше токму нив, да ги чуе, да ја здружи со нивната исконска самотија и својата, бидејќи само со нив тој успеваше да заборави на себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Впрочем и не бев сигурен со какви изгледи располагав јас и какви можеа да бидат крајните резултати ако прифатеше Таша да го изведе на виделина со моја помош она што одамна се беше здружило со тишината на неизвесноста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Инаку зошто станал костреш без силни и игличести перки тој светец на опакоста и кобата што пуштал крв од туѓи жили, што колел туѓи волиња, што ловел малоумници за да бидат обесени?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Само тоа воле го имам, рекол Орлен Шумков. - Волето пак ќе ти остане, се обидел да помогне Онисифор Проказник. - Или сакаш да се здружиш со друг?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А таа, кутрата...“ раскажуваше мајка му на Љупчо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Како одеднаш стануваат несреќи, - размислував.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Автото е расчукано. Што ми требаше да се здружам со Џеронимо?“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Успеал и да се здружи со некои бегови и чорбаџии што го бранеле кај битолскиот валија лажејќи го дека Луман навистина понекогаш пленел, ама и против комитите се борел.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Ама сега, асмата се здружила со фашизмот. И нема поголемо зло!”
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)