зема (гл.) - сѐ (зам.)

А вие не земајте сѐ на срце, Лев Петрович, го прекина мајка ми.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ги стасав и појдов со нив. Ненадејно, без врска и потреба, Пенчо гласно кликна: - Земај сѐ што можеш!
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А Бугарите, срчка да ги испие немаат за јадење и земаат сѐ: кокошки, кози, сало, сирење, кој има свинче и него му го земаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Не бре, вели Мисајле Ковачот, тие не одбирале села. Тие секаде влегувале, вели и земале сѐ што ќе најдат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Верата и јазик – тоа се душата на еден народ, со изменувањето на кои еден народ прави коренен душевен преврат: тој се откажува од сѐ поранешно и зема сѐ ново.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)