зема (гл.) - воздух (имн.)

Ја гушеше некоја чудна реа. Земаше воздух во мали голтки.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пуштаат стомаци избегнувајќи ги скалите, јадат смрдливи сендвичи, пушат цигари, се муртат земајќи воздух при укањето на нечии нееманципирани потни жлезди.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Користејќи ја малата пауза, кога Анѓа земаше воздух, Светлана едноставно ја спушти слушалката.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не знаеше Петре за одењето на жена му кај попот Никола и за прокудата што таа му ја токмеше, ама стравот од такво нешто никогаш сосем не исчезна: цело време тој само го туркаше надолу, му го пикаше перчето под вода, ама тој сепак одново земаше воздух и живуркаше небаре секаква ава му одговара.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во мигот кога земаше воздух меѓу два целува, Рада приближувајќи се до неговото уво му шепна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)