зема (гл.) - пари (имн.)

Јас повторив, колку да не е без ич, дека не е досторена работата на гробот и дека не ми е згодно да земам пари за недовршена работа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се сеќавам, во една пригода, кога, на заминување, му оставив една банкнота на Татко од последниот примен хонорар, Мајка тивко му рече: – Зошто му земаш пари?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кажуваат не земало пари туку молел за неколку дрва за да има со што да се стопли болната сестра која по везден се слуша како си ја исфрла, како си ја кине утробата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Со сила ли ќе му ги зема парите? Со суд?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)