земе (гл.) - тој (зам.)

Кога ги зел тој кај себе, за уште еднаш да ги провери дали ја зборуваат вистината, извадил една тетратка од сто листа и од неа им ги читал имињата на главите на сојовите од Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ако една тужба, против истиот тужен, опфаќа повеќе барања што се засноваат врз иста фактичка и правна основа – вредноста се определува според збирот на вредноста на сите барања (чл. 30, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако, пак, тужбеното барање не се однесува на паричен износ, но тужителот во тужбата навел дека се согласува наместо исполнување на тоа барање да прими определен паричен износ – како вредност на спорот ќе се земе тој износ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ова е јазиче или чкрапец. Кога ќе го повлечеш, тогаш иглата удира по капсулот од фишекот и, ако добро нишаниш, ѓавол ќе го земе тој во кого нишаниш.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој таму, тој што го зеде, ти бил фурнаџија и го зел тој Дракчета таму ем да го гледа ем да го учел за фурнаџија...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
САВЕТКА: Јас пак ќе речам: клето и проклето да е тоа девојче кое само тргнува да си бара, со љубов, маж, а не си го зема тој што родителите му го одбрале.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ја зеде тој сабјата си стрвна, Го бараше долго насмражниот враг, До дрвото Тамтам пристигна, И да размисли подзапре на час. And, as in uffish thought he stoood, The Jabberwock, with eyes of flame, Came whiffling through the tulgey wood, And burbled as it came! Pendant qu’il pense, tout uffusé, le Jaseroque, à l’oeil flambant, Vient siblant par le bois tullegeais, Et burbule en venant. Als stand er tief in Andacht auf, Des Jammerwochen’s Augen-feuer Durch turgen Wald mit Wiffek kam Ein burbelnd Ungeheur!
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
„Сеедно.“ „Тој ти ја дал, тој ти ја зел“, суво рече Арсо Арнаутче. „Побарај го и земи му ја.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Не ќе е на арно ако ја зел тој“, сонливо ја заниша главата Орлен Шумков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега, откако го зедовме тој ојлот од Ираки, кај нас во Америка и секое дете има свој чопер.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ги зеде тој уште двете лири од аманетот на татка ѝ на Трајанка, направи триста други зулуми сѐ додека еден ден не ја зеде работата во свои раце дедо Геро војводата и неговите двајца комити.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)