земе (гл.) - војска (имн.)

Во тоа, да им поверува на Дамческите дека Јован нивни не е потурчен туку е земен војска, Руса имаше основана причина.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На секој втор или трет ден се колеше по еден бик или вол пред селската штала што ја зеде војската, близу до езерото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ја разбираше величината на татковата жртва, но чедата со кои мина низ толку бури и војни, тие мајкини рожби, што не ѝ ги зедоа војските, сега требаше да се фрлат во устата на волкот, на тоа проклето Кале што ќе ги изеде козите, токму како во приказната за козата на господин Сеген.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)