земе (гл.) - душа (имн.)

Што лошо ти стори кучето... Зарем не ги засака кучињата во Пансионот; зошто да му ја земеш душата кога не си му ја дал, проклетнику...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Има луѓе што умираат праведни, има луѓе што умираат грешни”, им велеше попот: ”на праведните смртта им се јавува весела, а на грешните намуртена, страшна, лоша; луѓето се страшат од неа и затоа пред умирачката си го покриваат лицето со покривка за да не ја гледаат; смртта е како некој мајстор; турли-турли алати има: тесла, пила, секира, глето, клешти, сврдел, копан, затегач, турпија, скоби и многу други алати; најпрвин ќе зафати болниот од прстите да го разглобува со сите тие чешити алати: оди од зглоб до зглоб, и откако ќе го разглоби, почнува жилите да му ги сече, и најпосле ќе почне со секира да го мава по тилот додека не му ја земе душата; кога ќе му ја земе душата - ја носи право кај бога на поклонение, а потоа, еден ангел ќе ја шета душата открај-накрај на небото и открај-накрај на земјата за да ги види сите убавини; ќе ја носи по сите места каде што шетал човекот додека бил жив и ќе му покажува ангелот сѐ што чинел: добро или лошо; на четириесеттите дни ќе го врати човекот кај гробот и ќе му ја покаже мршата негова кај што лежела внатре; по четириесеттите дни, пак ангелот душата ја носи кај бога, и тогаш господ ќе му заповеда на ангелот да ја носи душата во рајот или пеколот; ете, затоа треба на умрените до четириесетте дни да им се пее на гробот и да им се носи задушница; со тие добрини може господ да се смилостиви и да им ги прости гревовите: зашто до четириесетте дни душата не му е пресудена на човека”.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тој контик ја грабнал едната од трите сестри на Синадин Побожјански и, по малку време, бил убиен зад Лисичија. Виновникот Исидор бил наденат на кол.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Друг, Секуле, бил обесен зад Куршумли-Ан заради двајца иноверци од латинските мориња, ги носел на душа, му ја зеле душата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш на игуменијата ѝ се причинило дека и од очите на тој Онисифор Мечкојад никнуваат влакненца, се кадрат и се замрсуваат, и дека е тој сиот едно големо клопче козина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Гласот му доаѓал од далечина и од минатото во кое еден друг Мечкојад сѐ уште во темна пештера глода коски на ѕвер и во кое тројца болни од проказа му се молат на господа да им ги земе душите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Двајцата петрограѓани сега се под една стреа, во една песна.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Бродски, помлад и потврдоглав, се уште запнува да утврди дали ладовината се потпира на нив или пак тие земаат душа потпирајќи се на ладовината.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Да знаете чисто зашто духовник зема души грешнии от руки дјаволски и ги доведуе у царство Божие.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Кога ќе го фатеше реумата, по скалите од куќата се качуваше и на нозе и на раце, та кога ќе го видеше жена му од Мил, ќе речеше: - Сигурно господ не му ја зема душата сѐ додека не го престори во куче како што му го направил на светецот Кристофор за да го казни за гревовите...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Аман, вели Џемо, не земај душа, вели и го намовнува лицето, го собира ко гасеница.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)