земе (гл.) - жена (имн.)

Домаќини и домаќинки се преженуваат, се премажуваат, ама, брате, десет лири ќе земе жената.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А ти, значи, што доби? Го искина животот покрај човек нечувствителен кога си ти во прашање, ете, паметам, една вечер, иако сите бевме поднапиени, се вомјазивме кога наеднаш тој стана и рече: Абе, што сторив, требаше уште во дванаесет да ја земам жената од абортус...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Да се откажеме ли од телата свои?‘ Тогаш ви велев да живеете без грев, оти најдобро е човек да не зема жена, та да живее само духовно, како мене.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Зеде жена од уба фамилија. Да дај госпо да се кердосае.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ќе си земеш жени нашинки, и ќе си изродиш со нив Турчиња колку сакаш. Како јас, еве, седумнаесеттото го чекам.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Тие уште од почетокот не можеле да се помират, Хелвиг да земе жена од друга земја. Не нивна.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Навистина, за мене би било многу понизно да земам жена и се сродам со еден мој крвни душман.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
При сѐ што беше попо пијан, кога чул оти му рекла „на!“, веднаш беше се острелоушил и ја подал раката да земит тоа што ќе му даит чоекот, што му викнал „на!“, и чоекот го грабнал за рака, та го изваил од калта.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ја зел жената си по себе и излегол од град надвор.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Опнал да стане попо од калта, бидејќи беше пијан, не можел да се појми и да стани.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
На тоа згора, се кандисала и го зела за маж да је бидит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Судот го пресудил полјакот да го обесат, или да ја земи жената од убиениот чоек за жена, ама ако сакат таа.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)