земе (гл.) - здив (имн.)

Дувна во носот со еден силен замав зема здив, па кога дувна силно, во главата да се отвори патот за животот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Верувајте, десет пати волкот се враќал од нападите, секогаш да земе здив, да присобере сили, читаше Чанга и покажуваше гордо каде е тоа напишано на книгата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Собра сила, неосетно зеде здив и мирно одговори.  „Јас таков список немам господине”, рече градоначалникот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кого ти лажеш!“ - ненадејно скокна викајќи, есесовецот.  „Тука посебни списоци немаме. Постои единствен список на граѓаните на Закинтос”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А овој беше го искористил моментот да се затскрие зад столб, да земе здив.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А не се реди животецот и според римите на поетите што се гледа и од тоа што поетите ем се постојано жедни, ем се уморни од лажни ветувања и никакви очекувања, а згора не можат да земат здив под големите купишта празни зборови под коишто ги гмечи заборавот.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Во Улицата на стариот цвеќар во Истанбул сега само се младее и се токмат каранфили за нови уриети - минувачите земаат здив пред новото забрзување на времето: малку им е од минатото па да му ја мислат уште и на иднината!
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Денко убаво се испоти додека ја качуваа Гола Глава, на неколку места подзастануваше да почине, да земе здив.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Целиот облеан во пот и зазбиван од долгото и напорно одење, Цепенко дојде до една извишена копа сено и се подзапре да земе здив.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во таков вртеж од недомислени размисли ја додржуваше Гого главата на рамената, додека ги сложуваше боите де со четката де со шпахлата, отстапувајќи чекор - два наназад за да го одмери она што го намачкал, со едното затворено, а другото примижано око, како да беше на стрелиште, па ќе приседнеше на еден издлабен триножник колку да земе здив и да му се врати на платното, во една борба во која се вживуваше и уживаше, сѐ до неизвесниот исход кога веќе исцрпен не сакаше да знае дали излегол победник или губитник.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Откако ја изнакажа целата оваа реченица и пол, Ане го дигна бинлакот и натегна од него завидливо долга голтка - дали да го омекне исушеното грло, дали да го овлажи скоравениот јазик или просто да земе здив пред да се врати на својата природа на молчење.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Да ги сумираме двете опсервации: првата е дека ако е деконструиран еден текст доаѓаме до еден поим, за кој не можат да се изразат никакви факти во споменатиот текст; втората е дека поимот за différance се добива со деконструирањето на тоталитетот на сите лингвистички ентитети.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа е затоа што токму différance е таа (2, стр. 143): 64 Margina #11-12 [1994] | okno.mk ... што ја прави возможна опозицијата на присутност И отсутност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Без возможноста на différance, страста на присутноста како таква не би можела да земе здив.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
ДЕКОРАТЕРОТ
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
20 август 2003 г. Скопје
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не заборавај ми го името, порачуваше!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како што новороденчето го вадиме од мајчината утроба за да земе здив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-Не застанувај! - се храбрев. Земи здив и... брзај! Побрзај!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не, не станува збор за некакво нашепнување, туку тоа беше упорно повторување, гласно довикување со кое се трудеше ти да ме разбудиш: Ведран всушност е Иван, ми довикуваше ти од длабочините на мојот сон!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Долго време Месечината ги шеташе своите гости по небото, им ги покажуваше на Земјата морињата, планините, големите градови а малите патници од Земјата не можеа да си земат здив од силно чудење.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Токму така пее и оваа птица, пее и продолжува да пее без да застане да земе здив, и се плашам дека нејзиното срце може да препукне ако не престане за да земе здив.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Детето останувало во својата болка, како потопено во вода, како некоја мака да му ја притискала главата и го присилувала да потоне во болката, и само повремено го пуштала над површината на водата да може да земе здив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И никој не знаел од каде доаѓа таа детска меланхолија, никој не знаел што ги предизвикува тие воздишки, и никој не знаел што го врти неговиот поглед настрана.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Да? - рече Патрокле колку да земе здив и продолжи: - Те гледам мирен и млад...
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ќе се спрпелка во огнот, а огнот ќе му ги опрли влакната, козината, ќе го соголи и ќе му го земе здивот. Ќе му ја пукне жолчката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Обиди се да ги присобереш и да ги поткренеш крилјата, полетај Ема, поведи го јатото.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Земи здив и сонувај го небото, нашето Чистилиште,“ тивко зборував, како да кажувам молитва.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Азра сè уште со широко раширени нозе му седеше на устата на Андон кој одамна го имаше изгубено чувството за мирис (лекарите имаа констатирано дека тоа е резултат на операцијата на капиларите во носот направена во неговата рана младост) и тој не можеше да ја насети реата од меѓуножјето на Азра, но обилно оттаму во устата и по образите му течеше тегава слуз, од што во еден момент мораше да го извлече јазикот, да земе здив со намера повторно да се врати на истото место, но се откажа, се сврте на левата страна и ги префрли двете жени на десната страна од креветот, речиси ги залепи за ѕидот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кога по одморот, пак ја покани за игра, и кога пак нивните тела се развиорија, нејзе како да ѝ се слоши, како да ѝ се сврти во умот и побара да излезе на терасата, на воздух, да земе здив, да се одмори.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ја чукаше Дукле со тупаници по плеќите да ѝ спадне залакот, да земе здив.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Во салата завладеа тишина. Но, се разбира, не да побара одговор, туку да земе здив пред да продолжи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но, се разбира, не да побара одговор, туку да земе здив пред да продолжи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- По оние твои патеки на лудилото - се насмеа кога ме оттурна за да земе здив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога запре да земе здив се уфрлив во неговиот збор; реков дека Катерина и јас, кога го прифативме заедничкиот живот, не си поставувавме никакви условувања.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Можеби претерував кога после интимните игри ќе изјавев дека сум тонел до грло во сладостите што таа знаеше да ми ги приреди.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Роза зеде здив. (Мислам дека за момент и таа сфати дека се наоѓа во кафеаната).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Само затоа свратил во гостилницата. Да земе здив и да испие една ракија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Па што да правиме сега? - праша Коте. Сега Проедросот, со рацете на масата, ги погледна братучедите и сакаше малку да земе здив пред да ги праша што ќе ги праша, но толку тогаш крцна трказот на вратата, влезе жена со послужавник в раце.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Прекинува и молчи, чиниш колку за да земе здив.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сакав да викнам по мајка ми да ми помогне, ама пак не можев да земам здив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но, затоа зема здив низ носот и рече дека сега читала некој роман од Сидни Шелдон на англиски.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сал за краток миг прекинуваат и само толку, колку за да земат здив, колку за да падне песната во уво, да се вкови во душата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)