земе (гл.) - клуч (имн.)

Кога влезе, тој се најде пред големата табла со клучеви за да го земе клучот од својата работна просторија која, во продолжение, имаше и мала библиотека, поврзана со депоата, каде што се чуваа сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Собра сили и, пред Татко да го земе клучот, не без тежина во душата, му рече: - Почитуван пријателе, за време на вашето отсуство, според наредбата на директорот, дојде до промени на распоредот на просториите и до преместување на службениците.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Изеде неколку дипшика и бастуна од Ѓузепа кир Андона и другите чауши и гавази, но главата му ја спаси Челебијата и нареди, та го заклучија во една од визбите на конакот, a сам го зеде клучот и му нареди на Ѓузепа тој лично да го варди од гавазите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Татко му не го зеде клучот и не го нави, ами го симна од ѕидот и го стави в торба како обичен предмет и замина в град да го продаде.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сакаше да го земе клучот од мајка си и да му отвори, да го пушти, да не седи повеќе затворен.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А јас еве доаѓам овде, божем да го земам клучот, за да не ми остане душата затворена.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Има, рече потоа и ми го побара пасошот. Му го дадов, го зедов клучот и заминав во собата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тогаш тој брзо помина преку теренот за да го земе клучот од бараката за алат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се наведна, го зеде клучот, и за првпат во животот рече нешто што никогаш не имал кажано: оправдание.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Воопшто не се посомневав, поседовме уште малку, па бидејќи бев уморна, си реков дека ќе спијам и ништо нема да му речам или да го прашам зошто е тука во Кичево.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Се раскомотив малку и се покрив. Барав нежно да ми пријде, а тој ја затвори вратата, ја заклучи и го зеде клучот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)