земе (гл.) - копач (имн.)

До нив, како да се веќе под иловица, достасува ехо, двојно, на два јазика, но со иста смисла, нешто како ако ти е жал за мене , земи копач откопај ме.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се колнам не е дубара, свет човеку: така беше. Ако ти е жал за мене земи копач откопај ме ... (Народна.)
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
(Потоа дружината, домаќинот и возбудените луѓе се договориле, едни со оган да ги потераат коњите на Турците в пропаст за да не се вратат во кулите, бездруго кратовски, нивните јавачи да ги закопаат длабоко, ни дивина ни пци да не можат да ги откопаат, а оружјето да се сокрие така што за него ќе можат да знаат само двајца - челникот Онисифор Проказник и молчаливиот Чучук-Андреј.)
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако ти е жал за мене, земи копач откопај ме!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И самиот се молел со нејасни зборови за своите врсници.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И тогаш, под хипноза на сонот, малите рудари станаа од сламата на која спиеја, но не ги зедоа копачите.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Така дознавме дека горе има двајца стражари, но заспани.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)