земе (гл.) - лопата (имн.)

- Земи лопата и копај тука за да истече водата – тој покажа со валканата чизма. Рововите полни вода.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Митко немаше пушка па ја зема лопатата од под шпоретот.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Зедов лопата и натрупав снег во висина од шеесет до седумдесет сантиметри, онолку колку што беше висок Стефан, внукот на мојот пријател.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ја зеде лопатата и почна да го трупа снегот на куп.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А старецот, кога видел, им рекол: - Скршите ја врчката, та ќе му излезит глаата на телето!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тије зеле лопати и врешча, та тој час и собрале ореите на куп и 'и наполнале во врешчата, та го молитвеле старецот, шчо 'и научил таков ум.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога видел и чул тоа свекрот, дедото на нероден Петка, си помислил: „Овје луѓе пак биле ушче побудали од моите жени“, та им рекол: - Шчо вака чините, бре братја?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Станаа тие, облекоа чизми, зедоа лопати и копачи и отидоа на насипот, Фрлаа на процепот камења, дрвја, базје, вреќи со песок и го затинаа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Земи лопата, копај, ископај, зачувај грутка од сиот овој сиплив песок!
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)