земе (гл.) - обврска (имн.)

Во таквата ситуација синот на Волкашина, Крале Марко, кој ја наследи татковата круна и владетелството над централна и југозападна Македонија, ја призна турската врховна власт, а со тоа врз себе зеде обврска да плаќа даноци и да дава воена помош.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ако треба и ќе се заколнам? - рече Даме.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Пред сè, - рече Гоце, - тој треба да земе обврска дека тајно ќе ја чува нашата работа и ќе работи како што работиме ние.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Влатко зеде обврска да воспостави врска со Кочани.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)