земе (гл.) - писмо (имн.)

Значи, навистина е писмото, сите другите се уверуваат и си помислуваат дека Костадин сигурно знае за него отпорано штом Максим му вели Земи го и штом тој го зема без збор, а кога Костадин го зема писмото, за да остане тутурката на земјата таква, одвиткана, односно за да не ја одвее развигорот, Максим, држејќи ја, му вели на Васила Митрески Нареди ги камењата на ќошевите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се наведна и го зеде писмото. За писмото имаше врзано камче.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Што ли пишува во него?“
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Таа само му даде знак да се качи горе, го зеде писмото и му даде два динари.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Пандо го зеде писмото, го разгледа, ја стави цигарата на каменот и рече: - Да. Ова е на грчки. Да видиме што пишува.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Знам дека не може да се мери ужасот на срамот со ужасот на губитокот,“ пишуваше, „но срамот мене секако би ме убил, а и на детето кое би го родила не би можела да му овозможам вистински живот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го зедов писмото – во него објаснуваше зошто го сторила она што го сторила: се вљубила во оженет офицер, останала трудна од него, тој ѝ рекол дека нема да се венча со неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од кавалчето испадна малото писменце. Тој го зеде писмото и го скри во џебот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
ЛУКОВ: Јас сепак мислам дека за тебе ќе е најдобро, ако го земеш писмото и му го однесеш на Иванов.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Најпосле, на заминување, од масата го зема писмото кое не е негово.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Утрината Богуле станува, го зема писмото и му го носи на Методија Лечоски.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)