земе (гл.) - пиштол (имн.)

Брат му пристигнал во лудницата додека Винсент бил сѐ уште жив, и се обидувал да го утеши него или себеси; му велел дека ќе ја преживее повредата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таму бил известителниот офицер Бела и тој го зел пиштолот и почнал да си игра со него, додека Елица свирела на гитара.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А ти знаеш ли за аман? (Му ги зема пиштолот и ножот од појасот, го обезоружува, а потоа му удира неколку клоци и за нозе го извлекува надвор од каде се слуша офкање.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Илија, ослободен од рацете на Антица, го вади ножот од појасот, се тргнува два чекори назад, зема сила и му се нафрлува на Ристаќија, го оборува на подот, му го зема пиштолот од рацете и му го става кожот под грлото).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Една вечер, откако ја довршил “Житно поле со гаврани”, го зел пиштолот кој го криел во креветот и си испукал куршум во стомакот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
По некое време ги зедоа пиштолите и почнаа да пукаат на нив: паѓаа птиците на брегот или во водата, некои бегаа, се префрлуваа подалеку во езерото, некои нурнуваа во водата, а некои како да им пркосеа, позасилено фрчеа над нив и испуштаа пискливи гласови.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Замисли си - му се обрати на сопатникот од кола да ти го земат пиштолот, а овој си мисли дека го имам само за мустра...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Така и Ѓуле од нашиот отсек, откако го добил пиштолот на услуга, отишол да го врати а таа му рекла да го остави на масата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)