земе (гл.) - работа (имн.)

Co трчанка го извести Валијата во Битола, му отиде и на пашата Фазлибеј и овие сериозно ја зедоа работата: — Бак, бак, бак, до каде посегнаа тие пезевенци!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги зеде тој уште двете лири од аманетот на татка ѝ на Трајанка, направи триста други зулуми сѐ додека еден ден не ја зеде работата во свои раце дедо Геро војводата и неговите двајца комити.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Бургиба ја зеде работата многу сериозно.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дедот Петко Балето страшен шмеќер е. Го намириса Илка оти е запален за Рожденката, а знае оти и некоја бела меџидија ќе падне, па затоа ја зеде работата не на шега.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)