земе (гл.) - секира (имн.)

Проживеаја четириесет години, тек лав не си рекоа настрана, а сега одеднаш треба да земат секирите, да се исколат. Кој ќе чуе шо ќе рече?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го облекол кожувот, ја зел секирата под кожув, го пикнал пиштолот в пазува, ги префрлил дисаѓите преку рамо, божем се токми за на пазар во Прилеп, и излегле со ајдутинот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога шумарот ќе фатеше некого, дрвата му ги растовараше во дворот на Панда, зашто тој беше кмет во селото, а шумарот на дрварот кого што ќе го фатеше ќе му ја земеше секирата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ја зеде секирата и со одмерени удари, во кои ја внесуваше сета своја сила, почна да го длаби местото меѓу двата јазла.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бојан го запрета убаво жарот, си го закопча палтото, ја крена јаката, зашто завивањето на ветрот во оџакот стануваше се посилно, што значеше дека надвор веќе не е пријатно за шетање, ја зеде секирата што беше закачена на еден клин во тремот и излезе надвор.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Што разговарале, кој волшебен збор го скршил пркосот на младата осаменица?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Арсо Арнаутче ѝ ја зел секирата од раце и со бес на елен кога со рогови распостила пат низ гранки кон љубовна игра, удирал околу себе со невидена жестокост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
# Откоа беше се преесапил така, си го вратил татка си дома вечерта по темница и си го кладе во една одаја, та си го гледаше како татко.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Е, и ако не је така, чорбаџи, така нека биди, да ви отцепам и некое дрво и толку - му рекол сиромајио со полна уста и зел секирата, та му отцепил неколку цепаници и се прибрал да си го земи пустио џигер.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тогај човеко слезнал од дрвото, зел секирата, пата - ќута, пата - ќута, го докарал до смрт.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И јас кога бев како тебе, сум го донесол татка овде, кога ми остаре, да умри од глад, како што ќе умрам јас сега.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Зедовме секири, казми, дикли и му влеговме на дрезгите. Со ред: јас сечи напред, Мирче раскопачувај по мене, а Велика влечкај.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некогаш ќе ми дојде да ја земам секирата и да му ја расцепам главата. Така, дури спие, дури се порева ко истурена комина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зедовме секири, казми, дикли и му влеговме на дрезгите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)